(ФОТО) Објавена првата фотографија од местото каде се урна етиопскиот авион

(ФОТО) Објавена првата фотографија од местото каде се урна етиопскиот авион
Компанијата „Етиопијан ерлјанс“ објави фотографија од местото на падот на авионот Боинг 737. Во соопштението покрај фотографијата, директорот на компанијата, кој се наоѓа на фотографијата, дошол до местото на несреќата и може да потврди дека нема преживеани.

Од компанијата им изразија длабоко сочувство на семејствата на жртвите.

Портпаролот на етиопскиот авиопревозник „Етиопијан ерлјанс“, чиј авион се сруши со 149 патници и осум членови на екипажот по полетувањето од Адис Абеба, им изјави на новинарите дека патниците биле државјани од повеќе од 30 земји.

Меѓу загинатите биле 32 државјани на Кенија, девет од Етиопија, по осум од Италија, Кина и САД, седуммина од Велика Британија и Франција, шестмина Египќани, петмина државјани на Холандија, по четворица од Индија и Словачка, по тројца од Австрија, Шведска и Русија, како и по двајца државјани на Мароко, Шпанија, Полска и Израел.

На летот биле и по еден државјанин на Белгија, Индонезија, Сомалија, Норвешка, Србија, Того, Мозамбик, Руанда, Судан, Уганда и Јемен. Меѓу загинатите има и четворица со пасоши на Обединетите Нации и нивните државјанства се уште не можат јасно да се утврдат.

Според интернет страницата која следи летови „Флајтрадар24“ авионот на „Етиопијан ерлјанс“ имал нестабилна брзина на искачување.

Авионот се сруши во неделата наутро набрзо по полетувањето од Адис Абеба во подрачјето на гратчето Бишофту, 62 километри југоисточно од Адис Абеба, според авиокомпанијата. Авионот полетал во 8:38 часот од авионот „Боле“ во главниот град на Етиопија и контактот со него е загубен неколку минути подоцна.

Авионот на летот ЕТ302 меѓу Адис Абеба и главниот град на Кенија Најроби се урнал во 8:44 часот по локално време. Надлежните велат дека се уште немаат официјални информации за тоа што го предизвикало падот на новиот авион кој досега летал само 1.400 часа.

Авионот Боинг 737 МАКС е истиот тип на авион како на индонезиската компанија „Лајон Ер“ кој се урна кратко по полетувањето од Џакарта во 2018 година во кој загинаа 189 луѓе.

Споделување со вашите пријатели: