Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Месечината во Бик ја зголемува вашата самодоверба и има смирувачко влијание: пријателите и блиските ви се отвораат бидејќи сметаат дека сте полни со симпатија и смиреност. На овој начин учите и нови работи за себе. Не е важно дали ќе имате тешкотии, туку како ќе реагирате на нив. Откријте го моментот за дејствување.

БИК: Убави влијанија и сега е шанса да бидете радосни, користејќи го плодниот период пред себе. Добро ги разбирате емоционалните потреби на блиските и сфаќате дека со сегашните услови може да се катапултирате директно кон ѕвездите, надраснувајќи ги старите модели на однесување. Дадени ви се крила, затоа летајте!

БЛИЗНАЦИ: Планетите во Риби ѝ даваат надреална димензија на ситуацијата: се навраќате на стари ситуации, кои што би требало да ги надминете. Минатото е зад вас, иднината е неизвесна и можеби се чувствувате изгубени. Дајте му поголемо внимание на она што го работите, како да е некој ритуал и зачекорете напред. Нов животен стил.

РАК: Пријателствата цутат и ова е ден полн со романса, поезија и песна: тоа е момент кога се здобивате со моќ и сакате да доминирате. Прашајте се дали сте се соочиле со иста таква ситуација претходно или дали тоа ве потсетува на нешто? Соочени со синхроницитети, обидете се да го одредите изворот на ова зло и борете се против него.

ЛАВ: Започнувате динамично, решени да ги преточите идеите во конкретна реалност, за да ја вратите контролата во животот: планетите во Бик укажуваат дека нема место за брзање - би можеле да повредите некој. Добро избирајте како ќе се изразите и најавете ги промените тактично: така ја враќате сопствената сила. Благородни цели.

ДЕВИЦА: Месечината во Бик има егзалтирано влијание и доаѓате до длабоки внатрешни реализации. Сега треба да ја искористите оваа поволна енергија за своите креативни проекти и да внесете малку искра во романтичните одаи: љубов, инспирација и голема еуфорија! Каде и да појдете, сè е возможно: убавината ќе го спаси светот.

ВАГА: Стабилен период во кој што ќе направите пауза: одморете и размислете како да се ослободите од финансиските тешкотии. Шанси има, како и волја да напредувате на веќе испробан начин и со докажани средства. За да напредувате, замижете за час пред некои вистини и продолжете постојано кон целта. Непристрасност.

СКОРПИЈА: Соочување со истите проблеми: некои шеми се повторуваат, без оглед на вложениот труд. Не може да се дојде до нов резултат, со користењето на старите методи: планетите во Бик повикуваат на иновација, но и континуитет во партнерствата. Покажете ја својата уметност, како да имате марама со необичен вез или тантела.

СТРЕЛЕЦ: Што и да се случува, сетете се дека не постои поезија која би можела да се вивне до оние висини до кои што допира љубовта! Не плачете ако не ве сакаат, важно е дека вие љубите: љубовта е благороден мотив и спомените траат, топлејќи нè во староста. Главата горе, утре е нов ден: не губете храброст. Заслужувате признанија.

ЈАРЕЦ: Ден со практична нота и сега може да здивнете: повлечете се на кратко и избегнете критика. Вашите напори се видливи и можна е средба со практична госпоѓа, која што има нешто да ви понуди: инвестиција или тајна. Следете го природниот тек на работите и нема да забегате во несакан правец. Направете спротивно и ќе зажалите.

ВОДОЛИЈА: Чудно е што токму во вас се будат толку жестоки емоции: сметате дека некои работи се тешки да се заборават! Како бесна фурија, денес е најдобро да се повлечете дома: надраснете го црно-белото размислување, добро слушајќи го гласот на интуицијата. Без интоксикација и други непотребни задоволства. Изолација.

РИБИ: Секогаш насмеани со планетите во Бик, знаете дека ве движат повисоки сили: се препуштате лесно, имајќи надеж и визија за иднината и уживате во голема среќа! Средба со шармантен лик, кој е веројатно склон кон екстреми, но секогаш во состојба да им помогне на другите. Појдете со друштвото на прослава или фестивал.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: