Официјално: Сите патници во Боингот на „Етиопијан ерлајнс“ се загинати

Официјално: Сите патници во Боингот на „Етиопијан ерлајнс“ се загинати
Сите патници кои биле во авионот на „Етиопијан ерлајнс“ кој се урна кратко по полетувањето загинале во падот, соопштуваат од компанијата, а пренесува „Би-би-си“.

149 патници и осум членови на екипажот биле на лето ЕТ302 од Адис Абеба до Најроби во Кенија. Од компанијата додадоа дека на авионот имало 33 различни националности.

Падот се случил во 8:44 часот по локално време во близина на гратчето Бишофту, 60-тина километри од Адис Абеба, шест минути откако полета од главниот град на Етиопија, а се уште не е јасно која е причината за падот на авионот кој бил стар само неколку месеци

Споделување со вашите пријатели: