Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН: Од вас се бара прецизност: ова е убав период во кој завршувате една фаза и започнувате нова. Планетите во Риби ве тераат да размислите за мотивите на некои поединци и на тој начин ја гушите спонтаноста. Фокусирајте се на она што треба да го комплетирате и надминете ја стагнацијата, ослободувајќи се од минатото. Практичност.

БИК: Ослободени, имагинативни и бестрашни, доаѓате до нови идеи од сосема неочекувани места. Дојдени сте до степен каде што врвното знаење и заборавање се стопуваат во една точка. Со Марс во својот знак, имате бескрајно трпение да се справите со сите ситуации. Ако барате потврда од небото, сега ќе ја добиете. Инспирација.

БЛИЗНАЦИ: Планетите во Риби носат понекој облак во емотивната сфера: не прашувајте премногу прашања, бидејќи не може да стигнете до валиден одговор. Вашето расположение може да варира и ако си дозволите да се вплеткате во непотребни работи, ќе го изгубите цел викенд. Имајте надеж дека набргу ќе ја надминете критичната фаза.

РАК: Ако се однесувате неодговорно со луѓето, тоа неминовно ќе доведе до санкции: внимавајте во блиските врски и не сфаќајте ги површно работите. Планетите во Јарец ја усложнуваат работата веќе подолг период, а сега треба да бидете иновативни, но не може да формулирате конкретен план: планината може да се тресе, а да се роди глувче.

ЛАВ: Целосно обземени од необична страст, во вас се будат детективски нагони: сакате да знаете каква приказна чуваат ѕвездите и сфаќате дека треба да забавите во општествената арена – нека почекаат малку работите. Нема место за сомнеж, може да им наштетите на партнерствата, затоа повлечете се и најдете време за размислување.

ДЕВИЦА: Погодени од љубовни стрели и полни со креативен занес, ова е период на среќа и сакате да се опкружите со луѓе врз кои ќе го испробате својот шарм. Планетите во Бик го будат вашиот сензуален дух и знаете дека ова е еден од оние ретки периоди во животот. Интересен предлог кој ќе го продлабочи вашето знаење. Можно е патување.

ВАГА: Со Месечината во Овен, доаѓате во центар на вниманието: страсни и сензуални, добро ги познавате желбите на другите. Прекрасен период со убави влијанија и најверојатно ќе сакате да истражувате и изучувате: ве интересира силата на природата и спиритуалните увиди. Се чувствувате исполнети и благодарни. Успеси.

СКОРПИЈА: Ова е период кога откривате една поинаква реалност: планетите во Бик може да предизвикаат сомнеж и дилеми во блиските партнерства, а сепак луѓето доаѓаат да ви ја изјават својата љубов. Како да пловите на брод низ магла и мора да се потпрете на сите ваши внатрешни сетила за правец. Повлечете се за да не бидете искористени.

СТРЕЛЕЦ: Ова не е време да се опуштите, сега сте пред самиот финиш! Ситуацијата бара понизност и истрајност, не е време за славење. Ќе треба да внимавате некој да не ве повреди: не одговарајте на туѓата агресија и не лутете се само затоа што врне. Најдете начин поинаку да ги манифестирате негативните емоции: свесно работете врз себе. Откритија.

ЈАРЕЦ: Фокусирајте го вниманието на комуникацијата: слушајте повеќе со намера да разберете и научете да читате меѓу редови. Како нотна тетратка: има распоред на ноти, а потоа и паузи и така доаѓаме до музика. Скриените пораки лежат насекаде: овде-онде, расфрлани и стуткани во шарена хартија. Големи промени, промоција и развој.

ВОДОЛИЈА: Ова е процес на метаморфоза: старото огледало треба да се распрсне во парчиња, за да дојдете до нов имиџ: планетите ситуирани во Бик сугерираат дека острите делчиња ќе се растопат на утринското сонце, бидејќи сето тоа е само илузија: тие воопшто не постоеле! Тоа е само рефлексија, преведена од некое дамнешно време.

РИБИ: Ретроградниот Меркур ве повикува да се симнете од сцена: иако сите го бараат вашето внимание, вие претпочитате да бидете сами. Сега сте на патот на самооткривање: колку црното е бело и белото црно? Каде се прелеваат тие едно во друго? Не рационализирајте премногу, туку бидете неинхибирани: тоа е што е, прифатете.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: