Во Лондон затворен мост поради сомнително возило

Во Лондон затворен мост поради сомнително возило
Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило.

Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај.

По кратко време, по извршените проверки, полицијата соопшти дека „инцидентот во Викторија ембенкмент“ е завршен и оти возилото повеќе не е сомнително. Улиците во околината исто така повторно се отворени за сообраќај.

Споделување со вашите пријатели: