Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија

Пентагон до Турција: Земете „Патриот“ од нас, не С-400 од Русија
Пентагон се закани на Турција со „технички последици“ во случај да се реализира купувањето на рускиот противракетен систем С-400, пишува американскиот весник „Хил“.

Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс изјави дека тоа многу лошо ќе се одрази на целокупната воена соработка меѓу САД и Турција.

Турција, која е членка на НАТО, планира да купи руски ракетен систем, додека САД се обидуваат да ја убедат дека треба да се одлучи за нивниот систем „Патриот“.

Самерс рече дека Турција, ако купи С-400, нема да ги добие борбените авиони Ф-35, ниту системот „Патриот“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги отфрли тие наводи, истакнувајќи дека одлуката веќе е донесена.

„С-400 е готова работа, нема враќање. Постигнавме договор со Русија. Имаме во план заедничка соработка. Можеби по С-400, ќе има и С-500“, рече Ердоган за турскиот Канал 24.

Турција е партнер во производството на Ф-35. Деловите на авионите се прават во таа земја и Турција треба да добие 116 борбени авиони од петтата генерација.

Споделување со вашите пријатели: