„Икеа“ бара дозвола за изградба на прва продавница во Словенија

„Икеа“ бара дозвола за изградба на прва продавница во Словенија
Шведската компанија за производство на мебел „Икеа“ поднесе барање до словенечкото Министерство за животна средина и просторно планирање за добивање градежна дозвола за изградба на својата прва продавница во Љубљана.

Според проценките на компанијата, подготвителните работи можат да почнат ова лето, а изградбата би требало да трае околу една година.

Словенечките медиуми пренесуваат дека инвестицијата е вредна 80 милиони евра, а се очекува да се вработат околу 300 луѓе.

Споделување со вашите пријатели: