(ФОТО) Душан Тадиќ го елиминираше Реал и доби големо признание од УЕФА

(ФОТО) Душан Тадиќ го елиминираше Реал и доби големо признание од УЕФА
УЕФА го кажа своето - Душан Тадиќ одигра најдобро во Лигата на шампионите оваа недела. Европската куќа на фудбалот го прогласи креативниот офанзивец на Ајакс за играч на колото во Лигата на шампионите, врз основа на учинокот на сите фудбалери кои досега играа реванш мечеви во осминафиналето.

Конкуренти на Тадиќ за ласкавото признание му беа Уго Лорис од Тотенхем, кој во Дортмунд оствари седум фантастични интервенции против Борусија, потоа Муса Марега чиј гол беше клучен за пласман на Порто во четвртфиналето, односно Ромелу Лукаку кој со двата гола беше најзаслужен за сензационалната победа на Манчестер Јунајтед над ПСЖ.

Сепак, Душан Тадиќ со својата игра отскокна во однос на конкуренцијата. Имајќи ги предвид репутацијата на ривалот, гостинскиот терен, неповолниот резултат од првиот меч и сето она што го правеше на теренот на „Сантијаго Бернабеу“, заслужи целиот фудбалски свет да му се поклони. Српскиот интернационалец имаше две асистенции, постигна гол, а над него беше направен и прекршокот по кој Ајакс го постигна четвртиот гол на натпреварот.

Споделување со вашите пријатели: