(ВИДЕО) УЕФА се огласи: Чист пенал за Манчестер Јунајтед

(ВИДЕО) УЕФА се огласи: Чист пенал за Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед го елиминираше ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите, благодарение на голот од пенал на Маркус Рашфорд во судиското надополнување од реваншот во Париз.

Пеналот крена голема прашина, долго време траеше полемиката, дури и меѓу судиите и играчите, за тоа дали Словенецот Дамир Скомина постапил според правилата, меѓутоа, на крајот е јасно дека не постои ништо спорно околу пеналот.

Доказите се тука, дефанзивецот на ПСЖ Преснел Кимпембе играше со рака, па залудни се реакциите на Нејмар, на првиот човек на ПСЖ Насер Ал Келаифи, навивачите на парискиот клуб, како и на противниците на технологијата во фудбалот. Скомина донесе логична и исправна одлука кога одлучи да покаже на белата точка. Кимпембе играше со рака и тоа е доволно цврст доказ да се досуди најстрога казна против ПСЖ.

УЕФА со официјално соопштение преку својот сајт сугирерира дека словенечкиот арбитар постапил правилно.

„По согледувањето на ситуацијата од различни агли, ВАР му предложи на судијата да пресуди сам, на теренот, дали имало пенал или не. Судијата по прегледувањето на снимката потврди дека патувањето на топката не бил мал и влијанието на играта од дефанзивниот фудбалер не може да се смета за неочекувано. Неговата рака не беше блиску до телото, туку со својата рака ја запре топката на патот кон голот. Од таа причина судијата покажа на белата точка“, пишува УЕФА во своето образложување.

Во Нион наведуваат дека и преостанатите ситуации во кои беше консултиран ВАР биле сосема исправни.

Споделување со вашите пријатели: