Перез сака да го врати Мурињо, но нема поддршка од раководството

Перез сака да го врати Мурињо, но нема поддршка од раководството
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го врати Жозе Мурињо за тренер на екипата, но неговата идеја не наидува на поддршка во раководството на шпанскиот гигант, соопштува мадридски „АС“. Всушност, Перез е единствениот од одговорните фактори во „Кралскиот клуб“ кој сака Португалецот да се врати во „Сантијаго Бернабеу“.

Перез ја изразил својата желба да го врати Мурињо, кој во моментов е без работа, за време на состанокот со директорите на клубот. Тој смета дека со „цврстата рака“ на Португалецот може да се стави контрола над тимот.

Најмногу отпор давал генералниот директор на Реал, Хозе Анхел Санчез. Според него, Португалецот има нерасчистени работи со лидерите на тимот – Серхио Рамос, Карим Бензема и Марсело и тоа може да доведе до незадоволство во соблекувалната.

За време на средбата, на Перез му било советувано да го покани на функцијата германскиот селектор Јоаким Лев, но по одбивањето на Зинедин Зидан да се врати во тимот, претседателот мислел само за Мурињо.

Споделување со вашите пријатели: