Мајкл Даглас - горд на семејството

Мајкл Даглас - горд на семејството

Можеби е холивудска легенда, но кога е во прашање неговото семејство, Мајкл Даглас е како и секој друг - горд родител. Актерот сподели прекрасна семејна фотографија на која позира со својот татко, исто така легендарен актер Кирк Даглас, кој го прослави 102 роденден во декември, синот Камерон и внуката леа.

„Четири генерации на семејната љубов на Даглас“ #благодарен#, напиша тој на Инстаграм.

„Вистински легенди во едно семејство. Занемев. Ве поздравувам сите“, „Слика на љубовта и посветеноста! Фантастично семејство“, „Добивме толку многу забава од сите вас! Ви благодариме и најдобри желби“, се само некои од коментарите на објавената фотографија.

Мајкл Даглас, стана дедо прв пат лани, кога сопругата на Камерон, Вивиен роди ќерка, Луа. Камерон неколку месеци на социјалните мрежи објавуваше фотографии оф дедото Мајкл и прадедото Кирк Даглас со девојчето.

Луа и Кирк имаат посебна врска поради средното име на девојчето, Изи. Имено, Кирк даглас, всушност е роден како Исур Данилович и бил долго време познат како Изи.

Споделување со вашите пријатели: