20. Виенски бал во Скопје: Валцери на Штраус и на македонски евергрини

20. Виенски бал во Скопје: Валцери на Штраус и на македонски евергрини
На 16 март, во хотелот „Александар палас“ е закажан јубилејниот, 20. Виенски бал, во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителот на оваа уметничка манифестација - Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.

И оваа година Виенскиот бал има хуманитарна димензија. Оваа манифестација ја промовира човековата добрина, па секој гостин на Балот активно ќе учествува во афирмација на достоинството и вредноста на човекот.

Концептот и на ова јубилејно издание на Балот е ист како и на изминатите 19 - музика, танц, забава. И оваа година, ќе го почувствуваме автентичниот дух на Виена танцувајќи на Штраусовите валцери, но во Скопје, на Бал, се танцува и на евергрини и на македонски хит-рефрени. Направен е интересен спој на австриската и на нашата култура.

Стотина врвни уметници ќе бидат дел од програмата на Виенскиот бал: Јохан Штраус оркестарот под диригентската палка на Бисера Чадловска, ЗЏМ Биг бенд, Арт бенд, Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ Дексо, Лина Авшар, Танцовиот клуб „Прима данца“, а свој настап ќе имаат и солистите на Балетот при Македонската опера и балет, Саша Ефтимова и Ендру Кук. Ексклузивни гости се танчарите од Танцовата школа „Ел мајер“ од Австрија.

Водител на манифестацијата годинава е манекенката и ексмис на Македонија Вера Мештеровиќ.

Споделување со вашите пријатели: