На новинар забранет влез во Украина

На новинар забранет влез во Украина
Украинските власти му забранија на новинарот на австриската државна телевизија ОРФ, Кристијан Вершиц влез во Украина.

За шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел тоа е „неприфатлив акт на цензура“ и побара од украинските власти укинување на забраната.

Според Украинската разузнавачка служба (СБУ) Вершиц илегално ја преминал украинската граница, додека властите во Киев го обвинуваат за антиукраинска кампања.

И генералниот директор на ОРФ, Александер Врабец протестираше поради одлуката на украинските власти.

– Забрана за влез во земја врз основа на апсурдни обвиненија против Вершиц претставува неприфатливо попречување на новинарската работа, истакна Врабец.

Споделување со вашите пријатели: