Хороскоп: Што ве очекува денес?

Хороскоп: Што ве очекува денес?
ОВЕН:

Со Месечината во вашиот знак, емотивниот живот е под заштита на искрени и топли чувства: се чувствувате релаксирано и сосема удобно во својата кожа. Позитивни влијанија, кои ја потенцираат смирената атмосфера. Започнување на нов ангажман и потпишување на договори. Хранете се добро и бидете мудри. Фокусирајте се на важното!

БИК:

Времето на неизвесност завршува: ги покажавте своите квалитети и сега е добро да се повлечете за да проучувате и медитирате. Светот може да продолжи со сета шарена помпа: формулирајте нов план. Потребно ви е духовно водство, за да ја изразите својата мудрост, грациозност и креативен гениј. Сентименти.

БЛИЗНАЦИ:

Сега сте во позиција да доминирате, но ова не е конструктивен став во однос на работата, ниту пак за врските. Научете дека на секој од нас може да му се случи некаква тешкотија, без никаква вина, затоа поштедете се од непотребни самообвинувања. Вардете се пријатели, вашето здравје и благосостојба се приоритет. Без очај!

РАК:

Месечината во Овен ги истакнува вашите квалитети на општествен план: сега будно следите некој и сонувате за емоционално исполнување. Колку што може да се сетите, одамна не сте доживеале пеперутки во стомакот. Прекрасни услови за поставување на траен идеал, но избегнувајте преголема крутост. Покажете толеранција.

ЛАВ:

Работите забрзуваат и сега успевате да ја надминете самотијата: Уран во Бик отвора нови шанси за напредување, но внимавајте при тоа да не брзате во ништо. Можни се повреди, особено во пределот на главата. Говорете отворено, покажувајќи го интензитетот на својот интелект. Без провокации и ќе ја постигнете саканата слава.

ДЕВИЦА:

Среде необични случки, што и да се случи, денес сте олицетворение на смиреност: зборовите не оставаат трага врз вашата душа, туку лесно простувате и не дозволувате да ви се наруши рамнотежата. Можеби некој ќе мисли дека сте пасивни, но што ако? Вашата работа јасно покажува во кој правец напредувате. Љубов.

ВАГА:

Динамичното влијание ви вели да се повлечете незабележано дома: потребен ви е краток одмор, за да се соочите со сите нагли промени. Како ќе го менувате животот сега? Важни прашања, кои немаат време за чекање, затоа не брзајте! Тоа значи дека наскоро почнувате ново животно поглавје, со далеку полесна нота. Радувајте се!

СКОРПИЈА:

Уран во Бик бара од вас резервираност: сето она што се врти во вашата глава, може да нема реална основа во надворешниот свет. Благодарение на Месечината во Овен, на вашите најблиски им е потребна помош, разјаснување на дилемите и плачките. Можеби сте несигурни, но тоа брзо ќе пројде. Не ги отфрлајте луѓето.

СТРЕЛЕЦ:

Прекрасен ден за напредување: креативни и забавни, се справувате добро со сите нејасности или дилеми. Сега правите крупни промени и можеби ќе се заинтересирате за некоја духовна дисциплина. Сакате промена во животниот стил и ова е идеално време за тоа. Не плашете се, промената сега е на време. Решенија.

ЈАРЕЦ:

Засегнати со повеќе лични фактори, денес е добро да внимавате на говорот: покажете се во зрело и интелигентно светло, избегнувајќи преголема ригидност. Потребни сте дома, како и во романтичната сфера, а ќе внимавате на нечиј искалкулиран и нефер однос. Верувајте ѝ на интуицијата и не ги гледајте работите црно - бело.

ВОДОЛИЈА:

Вашиот личен живот е обоен со необичен динамизам и сметате дека може да се износите и со најтешките предизвици. Ставете го на себе своето најдобро лице и парадирајте малку, како да сте паун со раширени пердуви. Дистанцирајте се од оние што ви ги рушат стандардите. Ви изјавуваат респект и сега сте популарни.

РИБИ:

Се прашувате каков е односот со одредени личности и квалитетот на таа врска: нема место за горчина или депресија бидејќи така ќе си отежните. Бидете искрени со себе, сфаќајќи дека ситуацијата е резултат на вашите погрешни уверувања и коригирајте го животниот стил. Без очај - не вознемирувајте ги сите околу себе!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: