(ВИДЕО) Спротивно на очекувањата, Манчестер Јунајтед води против ПСЖ во Париз

(ВИДЕО) Спротивно на очекувањата, Манчестер Јунајтед води против ПСЖ во Париз
Екипата на Манчестер Јунајтед веќе беше прежалена во пресрет на реванш осминафиналниот меч против ПСЖ во Париз, со оглед на поразот во првиот натпревар на домашен терен од 0:2, како и големиот број повредени првотимци, но избраниците на Оле Гунар Солскјер, на општо изненадување води на полувремето со 2:1.

Ромелу Лукаку веќе во втората минута ги доведе „Црвените ѓаволи“ во водство, а Хуан Бернат десет минути подоцна го постигна израмнувачкиот гол за ПСЖ. Сепак, Лукаку со својот втор погодок на натпреварот ги врати гостите во водство и им дава надеж дека во второто полувреме би можеле да се изборат за уште еден погодок кој би значел и пласман во четвртфиналето од ЛШ.

Во исто време, во Португалија Рома има резултат кој ги води во следната фаза, откако Даниеле Де Роси со голот од пенал во 37. минута го анулираше водечкиот погодок на Соареш, па на полувреме резултатот гласи 1:1.

Споделување со вашите пријатели: