Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Месечината ситуирана во Риби го варди вашиот грб, додека Уран во Бик кажува дека сега сте спремни да се отворите повеќе, но не откако добро ќе размислите. Од вас зрачи витална енергија и ќе успеете да направите неколку контакти, без да се истрошите. Ве движи желба за промени и ќе ги ревидирате своите методи со нови мотиви. Идеи.

БИК: Времето на исчекување завршува: она што е минато, таму и ќе остане. Имате силна желба да истраете, без оглед колку ќе паѓате и станувате, бидеќи сфаќате дека сте на духовно патување од посебен вид. Нежни и сочуствителни, давате и прифаќате совети од пријателите. Можеби сте бавни, но затоа пак сте темелни и незапирливи. Чест.

БЛИЗНАЦИ: Постигнувате победа после долг период на битки и страв: со надминувањето на предизвиците го јакнете својот карактер и успешно ги надминувате опонентите. Другите ве доживуваат како креативна, продуктивна и родителска личност, затоа што знаете да дадете интересни совети кога најмалку се очекува. Најдете време да се одморите.

РАК: Планетите велат дека денес сте по малку тажни или резервирани: како да седите во галерија со три портрети над главата и сите ви тежат на сопствен начин. Не ви се комуницира. Вовлечени во чуден вртлог на општествени збиднувања, ќе одлучите да се повлечете дома. Интересни планови кои ќе ви ги прошират хоризонтите.

ЛАВ: Со Уран во Бик влегувате во една поприземнета фаза и сега сте ниту на небо, ниту на земја: еден животен циклус е завршен и ќе треба да покажете по што се разликувате од останатите. Кој е вашиот уникатен талент? Прекрасен период за активно размислување за значењето на животот, кој ќе ви ја покаже вашата безвременска и вечна природа.

ДЕВИЦА: Без оглед на нејасните влијанија потенцирани од планетите во Риби, од вас се бара стабилност, цврстина и чесност: не ви се потребни половични решенија, затоа ќе почекате, адаптираји се најдобро што знаете. Замислете си царство на штурци: пуштете сигнал и чујте ја пораката. Можеби патем ќе најдете и некој паунов пердув. Разиграност.

ВАГА: Време е за регенерација на вашата сила: планетите во Бик бараат сила и истрајност, како и нов начин на средување на заедничките средства. Убава шанса да се одморите по долг период на неизвесност, како и цутење во интимните врски: што се случува од другата страна на перницата? Награди за вашите спиритуални напори.

СКОРПИЈА: Со Уран во Бик вашите врски бараат освежување: веќе некое време чуствувате потреба да прекинете со сите нездрави односи и да се ослободите од минатото еднаш засекогаш! Независност во личните врски и сега делувате со голема интелигенција и љубезност, свесно избегнувајќи бруталност. Нагли промени, во последен час. Избори.

СТРЕЛЕЦ: По малку мрачен период пријатели, планетите во Јарец и Риби ве туркаат во самотија, каде барате одговори поттикнати од внатрешниот глас. Можна е нагла промена на професионален план, со долготраен карактер. Со тоа се ослободувате и продолжувате кон нов животен стил. Најдете ја вистинската пропорција сега.

ЈАРЕЦ: Денес ја покажувате својата зрела, интелигентна и сигурна страна: ова е шанса која што не смеете да ја пропуштите! Бидете храбри, непоколебливи и ентизујастични во новите потфати, направете добри договори, кои ќе ве служат и во иднината. Замислете ги своите проекти како деца и негувајте ги толерантно. Без доминација.

ВОДОЛИЈА: Проблемите со кои бевте зафатени изминатиот месец, веќе се при крај: се гледа светло во тунелот! Вие сте сред овие збиднувања и од вас се бара воздржаност или намалување на амбицијата, особено во однос на некое пријателство. Ќе успеете со широка насмевка да ја ндаминете крутата ситуација. По малку мрзеливи, уживате во луксуз.

РИБИ: Ако ве интересира љубовта, тука работите се одвиваат сосема добро: трајни чуства на верност и гестови на љубезност. Тактилни сензации и слатки моменти, по кои ќе откриете дека ви се потребно нови избори: прашајте ги саканите што сакаат од вас, од вашата врска? Како може да се вклопите во тоа? Разговарајте и ќе бидете советувани мудро.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: