Зимска бајка на ревијата на Шанел: Музите плачеа за Карл Лагерфелд

Зимска бајка на ревијата на Шанел: Музите плачеа за Карл Лагерфелд
Франција- Презентацијата на последната колекција на Карл Лагерфелд за „Шанел“ на Париската модна недела завчера почна со едноминутно молчење во знак на почит кон модниот гигант, кој почина на 19 февруари на 85 години.

Лагерфелд во Шанел помина повеќе од три децении, обележувајќи цела една ера не само за Шанел, туку воопшто во модниот свет.

На модната писта, бројни манекенки заплакаа, а имуни на целата атмосфера не беа ни гостите на ревијата. Германскиот дизајнер не беше познат само по своите генијални креации туку и по извонредните сценографии за ревиите.

Така, колекцијата за сезоната есен/зима 2019/2020 беше прикажана во опкружување на планинско гратче прекриено со снег кое за потребите на ревијата никна насред „Гран пале“.

Снежните снегулки го фасцинираа дизајнерот до тој степен што ги претворил во фустани, од кои еден го носеше амбасадорката на брендот, глумицата Пенелоп Круз.

Споделување со вашите пријатели: