Солскјер планира да се врати во Молде по крајот на сезоната

Солскјер планира да се врати во Молде по крајот на сезоната
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер призна дека не знае дали се уште има договор со Молде.

Норвешкиот клуб објави во почетокот на декември, дека Солскјер потпишал нов тригодишен договор, но малку подоцна оваа вест беше отстранета од официјалниот сајт.

Две недели потоа „златната резерва“ на Манчестер Јунајтед го замени Жозе Мурињо на менаџерската фотелја на „Олд Трафорд“. Сепак од Молде очекуваат Солскјер да се врати во клубот по крајот на сезоната во Премиер Лигата.

Самиот Норвежанец вели дека планот е таков, иако медиумите во Англија се посамоуверено тврдат дека тој ќе добие предлог за постојан договор со Манчестер Јунајтед.

Во биографијата на Солскјер во „Твитер“ сè уште стои дека е менаџер на Молде. Запрашан дали тоа е така, младиот стратег одговори: „Не сум сигурен. Мислам дека договорот ми истече и во моментов имам договор само со Манчестер Јунајтед. Можеби има друг договор за моето враќање во Молде. Пишува „менаџер на Молде“, но Јас не го правам тоа сега. Планот сепак е да се вратам таму“.

Споделување со вашите пријатели: