ЛШ Состави: Реал Мадрид - Ајакс, Борусија Дортмунд - Тотенхем

ЛШ Состави: Реал Мадрид - Ајакс, Борусија Дортмунд - Тотенхем
Вечерва се играат две реванш 1/8-финални средби во Лигата на шампионите. Во Мадрид ќе се соочат актуелниот европски првак Реал и холандски Ајакс, додека во Дортмунд Борусија ќе се обиде да направи чудо против Тотенхем.

Реал Мадрид има одлична залиха од првиот меч кој се одигра во Амстердам. „Кралевите“ на првиот меч победија со 2:1, но Ајакс прикажа многу подобра игра од актуелниот европски првак и холанѓаните имаат право да се надеваат на чудо на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.

Тренерите на двата тима, Сантијаго Солари (Реал Мадрид) и Ерик Тен Хаг (Ајакс) ги одредија стартните состави за вечерашниот меч.

Реал Мадрид (4-3-3): Куртоа - Карвахал, Варан, Начо, Регилон - Модриќ, Каземиро, Крос - Васкез, Бензема, Винисиус.

Ајакс (4-3-3): Онана - Мазрауи, Де Лихт, Блинд, Таљафико - Ван де Бек, Де Јонг, Шоне - Зијех, Тадиќ, Нерес.

Екипата на Борусија Дортмунд загуби со 3:0 на „Вембли“ во Лондон во првиот натпревар против Тотенхем. „Милионерите“ се во резултатска криза, но сепак се надеваат на чудо против англискиот клуб.

Борусија Дортмунд (4-1-4-1): Бурки - Волф, Аканџи, Вајгл, Диало - Витсел - Санчо, Ројс, Геце, Гереиро - Алкасер.

Тотенхем (5-2-1-2): Лорис - Орие, Алдервејрелд, Санчез, Вертонген, Дејвис - Винкс, Сисоко - Ериксен - Сон, Кејн.

Споделување со вашите пријатели: