Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: По седумгодишни обиди, покажување на талентите и успех во иницираните проекти, денес доаѓате до нова порта: Уран во Бик бара конструктивно користење на талентите и почитување на конвенцијата. Хармонија во блиските врски и лојалност. Осветување на природното, преку примерот што постои на повисоко ниво. Ангажман.

БИК: Постигнатиот успех ве носи до нови позиции: избирајте добро колкав товар ќе ставите врз својот грб и не дозволувајте некој да ве тиранизира. Бидете спремни за ново животно поглавје и слушајте ја својата интуиција. Непристрасноста ви е најголем сојузник сега. Она што до вчера значеше многу, денес губи вредност. Промени.

БЛИЗНАЦИ: Среќа и задоволство на интимен план: планетите во Риби укажуваат на брзи и праведни решенија, како и конечно балансирање на кармата. Вашите ставови се менуваат и доаѓате до нови реализации. Добро здравје и виталност. Имате голема моќ да ги надминете динамичните влијанија и нервозата што иде при тоа. Истрајност.

РАК: Нов распоред на планетите и сега од вас се бара решителност: полни сте со необични идеи и тоа се рефлектира на вашето лице. Можни се нови романтични средби, од кои нема бегање: динамични и своеволни, одлучувате да го пробате шармот лево и десно и овој пристап се чини успешен. Напредување во работата.

ЛАВ: Динамични времиња кои бараат напредување: бидете храбри и не одолговлекувајте. Ќе успеете имајќи дисциплина и истрајност. Транзитот на Уран во Бик носи долгогодишни промени, со кои се ослободувате од синџирите на минатото и започнувате од ново. Материјалните и емотивните грижи не ве засегаат повеќе.

ДЕВИЦА: Прекрасно изненадување со практична нота: уживате во задоволства угодувајќи му на телото и сакате да воспоставите траен идеал. Избегнете ја можната критика и конфузија, одбивајќи да бидете вовлечени во непотребни дебати: заминете си брзо и интелигентно од она што ви тежи. Рапидни промени кои бараат решителна акција.

ВАГА: Навистина е прекрасно да се биде со вас: зрачите со љубов и среќа, пренесувајќи го расположението врз останатите. Крупни промени од долготраен карактер, особено во областа на здружените финансии. Спремете се за страсни средби кои што ќе ви го сменат животот. Ако сакате да успеете, загосподарете со себе!

СКОРПИЈА: Можеби сте зачудени, но ќе треба да успеете преку контрадикторни начини: ќе замижете на едното око, можеби и на двете за да ги надминете последиците од тешките влијанија. Марс во Бик укажува на триумфален успех и среќа: не правете идентификација со работите и избегнете ја преголемата сериозност. Разиграјте се сега.

СТРЕЛЕЦ: Нагли промени, особено на работен план: планетите индицираат некаква болка или нервоза, која може да се пренесе во семејниот сектор. Не се повлекувајте во својот свет, туку бидете директни и кажете јасно што барате во своите врски: приватни и професионални. Креативни и уметнички ангажмани, кои ве стимулираат да сонувате.

ЈАРЕЦ: Сфаќате дека сега е вистинскиот момент да се извлечете незабележано од некоја безнадежна ситуација и да продолжите кога ќе бидете поспремни. Нагли промени кои го менуваат вашиот животен стил. Дури и да разбирате каде водат овие случки, бидете непристрасни и не се обидувајте да влијаете врз настаните. За сега само анализирајте.

ВОДОЛИЈА: Првиот дел од денот е значително различен од вториот: кон дел од блиските се однесувате таинствено, а со другите сте сосема љубезни. Ако сакате вистинска интима, ова не е начин да се постигне истата. Не дозволувајте збунетоста да прејде и на работен план, бидејќи постојат шанси да бидете исмеани од страна на колегите. Слетајте!

РИБИ: Успешно привршување на започнатите проекти: ова беше тешко искуство, кое бараше голем напор. Не си дозволувајте да ве обземе тага или нерешителност поради лошо направените избори. Фокусирајте се на она што го имате сè уште и намалете ги очекувањата, препознавајќи ги шансите за напредување. Бидете практични и зрели.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: