Шест романи во трката за „Роман на годината“

Шест романи во трката за „Роман на годината“
Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“ информира дека во трката за награда на „Роман на годината“ за 2018 година останаа шест романи.

Жири-комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, во својата втора селекција ги избра романите:

„Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“); „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски („Антолог“); „Земја на бегалци“ од Кица Колбе („Или-или“); „Утеха за голите“ од Давор Стојановски („Или-или“); „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“) и „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова („Темплум“).

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД. Фондацијата „Славко Јаневски“ годинашниот лауреат ќе го соопшти на 15 март.

Споделување со вашите пријатели: