Изложба “Моден времеплов на жената” за 8 март во Скопје

Изложба  “Моден времеплов на жената” за 8 март во Скопје
По повод меѓународниот ден на жената, 8 март, Скопје Сити Мол во соработка со Ансамбл Македонија, ја организираат првата јавна поставка на староградски модни изгледи на жената во Македонија насловена како “Македонската Мода од минатото“.

Изложбата “Македонската Мода од минатото” е изложба во која се претставени експонатите од Ансамбл Македонијакои покриваат староградски модни изгледи во период од 19 и 20 век на жената во Македонија. На изложбата се претставени 18 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.

Изложбата трае до 9 март во атриумот на приземјето на трговскиот центар, кој е адаптиран како музејска галерија со високи стандарди.

Ова е втор настан од ваков тип организиран во нашата држава, после ланската музејската поставка во Скопје Сити Мол каде експонатите ќе бидат изложени во јавен објект, a со тоа Ансамбл Македонија ќе се им доближи на граѓаните на модерен и неконвекционален начин. Како круна на оваа поставка на 8 март ќе се одржи и специјален моден настан под името “Моден времеплов на жената во Македонија од 19 до 21 век. Модниот настан е од отворен карактер и стартот е закажен за 19:30 часот.

Споделување со вашите пријатели: