Вера Мештеровиќ е убавицата од новиот спот на Владо Јаневски „Откако си негова“

Вера Мештеровиќ е убавицата од новиот спот на Владо Јаневски „Откако си негова“
Мис на Македонија за 1996 година Вера Мештеровиќ ја игра главната улога во спотот на новата песна на Владо Јаневски „Откако си негова“ што ќе се промовира денес во Скопје, а е во режија на Дарио Јанковиќ.

Промоцијата воедно ќе биде и прес-конференција за претстојниот концерт на Јаневски на 16 март во ВИП Арената „Борис Трајковски“ со кој ќе слави 25 години кариера на поп-сцената.

Поради влошено здравје, лани беше одложен концертот на Владо Јаневски на 1 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Владо продожува во спотовите да ангажира убавици и манекенки. За минатиот спот за песната „Главен град на тагата“ главна ѕвезда беше манекенката Дунавка Трифуновска.

Споделување со вашите пријатели: