Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Среде необични и убави изненадувања, денес се чувствувате добро: работите со луѓе со кои имате заеднички афинитети и го користите личниот напор на секој поединец. Пред вас е ново кармичко поглавје и нема место за брзање. Од вас се бара истрајност и разбирање, затоа слушајте што ви говори срцето. Расподелете ги задачите.

БИК: Со Јупитер во Стрелец заискрува ново светло во вашиот живот: имате верба во традиционалните и стари школи, кои ви служат како инспирација. Нови реализации по кои се чувствувате препородени. Ова е супертајминг за рационално самоподобрување, директна акција и елоквенција: тоа самото по себе е награда.

БЛИЗНАЦИ: Месечината во Риби го фокусира вниманието на интимен план: ова е добро време да се прашате со саканите до каде сте стигнале, да си споделите некој комплимент и да се цените повеќе. Изгледате прилично атрактивно и можни се неколку средби: ја покажувате својата интелигенција и на професионален план. Среќа и добра виталност.

РАК: Смирени и воздржани, добро се справувате со ситуацијата: со помош на Венера во Водолија успевате да разберете некои тајни кои ќе ги прошират вашите хоризонти и имагинација. Ова е прекрасен период пријатели, во кој што доаѓате до награди. Не брзајте, лесно би можеле да изгубите баланс, а со тоа и нешто повредно. Без летаргија.

ЛАВ: Конечно нешто се случува: нови шанси во емоционалната сфера, како и многу нови лица и комуникација. Оставете сè зад себе и фатете го возот: ова е прекрасен ден за преговори, договори и решителност. Добро се носите со оваа динамика и ќе ги обновите контактите кои што се направени неодамна. Организација. Нови клиенти.

ДЕВИЦА: Нови откритија, инспирација и разбирање за сопствениот свет: планетите ситуирани во Риби бараат самоконтрола, воздржаност и такт при справувањето со тешките ситуации. Погледнете добро околу себе, како професор кој што ги прати своите студенти под очилата и покажете ја својата специјалност. Лојалност во спиритуалноста.

ВАГА: Добро ги користите своите капацитети и вашите романтични и креативни потфати цветаат: доколку се соочите со тешкотии, ослободете се малку и покажете ги своите таленти и ќе дојдете до богати награди. Венера во Водолија ве милува како ангелче со својата мала харфа. Откривате нова страна во себе и ги разбирате саканите смирено.

СКОРПИЈА: Сега треба да сте непристрасни и да ги решите конфликтите на смирен начин: не дозволувате да бидете водени од негативни емоции и така успевате да ги комплетирате своите проекти. Ова е време за напредување на повеќе полиња и можен е пат или селидба. Месечината во Риби ве става на егзалтирана позиција - користете ја мудро!

СТРЕЛЕЦ: Месечината во Риби го бара вашето внимание дома: што и да се случува, сега е време да завртите нов лист и ги погледнете работите во ново светло. Верувајте дека ве чека подобра иднина и издигнете се над ситуацијата. Не брзајте и ќе избегнете колапс, особено на работен план. Најдете време за соодветен диететски режим и дисциплина.

ЈАРЕЦ: Во вас е разбудена меката и сочувствителна страна и денес ќе имате нешто да кажете: поголемо разбирање за колективните потреби и спиритуалната страна на животот. Прашања со безвременски карактер кои отвораат нови портали на перцепција - сè ви е јасно! Умешно ја користите инспирацијата за финиширање на своите проекти.

ВОДОЛИЈА: Планетите во Риби укажуваат на некоја болна случка: учество во некој срамен чин или агонија, вина и дилеми. Иако сте спремни да ја покажете својата храбра страна, не брзајте за да не завршите со здробена глава. Вашата мисла треба да е јасна за да имате влијание. Подобро е да бидете практични и да го користите својот шарм и поддршка.

РИБИ: Ова е креативен период и исполнет со розови соништа, а вие лебдите низ него како пилот во облаци: обидете се да сфатите дека другите не го делат вашиот ентузијазам, затоа поправете го своето однесување во она што ве измачува. Сакате некако да придонесете во ситуацијата, а немате јасна идеја како. Неразумни реакции. Промени.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: