Почина актерот Лук Пери

Почина актерот Лук Пери
 

Ѕвездата на популарната тинејџерска серија од деведесеттите години „Беверли Хилс“, Лук Пери, почина како последица од добиениот мозочен удар.

Пери, кој во „Беверли Хилс“ ја толкуваше улогата на заводникот Дилан Мекеј почина во понеделник наутро, во болница во Беребенк во Калифорнија.

Тој беше хоспитализиран во петокот, откако доби тежок мозочен удар, во неговиот дом во Лос Анџелес.

Од тогаш, беше под лекарски надзор.

Непосредно пред мозочниот удар, телевизијата Фокс официјално објави дека ќе снима нови епизоди на „Беверли Хилс“.

Споделување со вашите пријатели: