Од мај се укинува роамингот меѓу Косово и Албанија

Од мај се укинува роамингот меѓу Косово и Албанија
Од мај се укинуваат тарифите за роаминг во телекомуникациите меѓу Косово и Албанија, потврди националниот координатор на двете влади, Фатмир Љомај, за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Тој рече дека укинувањето на тарифите за роаминг, како и многу други договори постигнати помеѓу Косово и Албанија, се на добар пат да се спроведат.

„Ние како Косово сме подготвени да го имплементираме договорот за роаминг и јас верувам дека Тирана наскоро ќе одлучи со одлука на владата и парламентот да се спроведе договорот“, рече Љимај.

Во јуни минатата година косовското собрание усвои резолуција за укинување на роаминг-тарифите помеѓу Косово и Албанија.

Во меѓувреме, Европската Унија ги повика сите земји од Западен Балкан да ги укинат тарифите во роаминг за да се олесни комуникацијата меѓу граѓаните.

Споделување со вашите пријатели: