Мурињо: Ако Солскјер остане, Јунајтед може да направи грешка

Мурињо: Ако Солскјер остане, Јунајтед може да направи грешка
Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо го предупреди клубот дека назначувањето на Оле Гунар Солскјер за перманентен тренер на тимот по истекот на сезоната може да биде голема грешка. Токму Норвежанецот ги презеде „црвените ѓаволи“ како привремено решение, откако во декември Мурињо доби отказ.

По доаѓањето на „Олд Трафорд“, Солскјер ја промени и играта, и атмосферата во клубот. Под негово водство екипата е препородена и бележи позитивни резултати, благодарение на кое „црвените ѓаволи“ се искачија на четвртото место на табелата во Премиер лигата.

Сега Солскјер се смета за главен фаворит за постојан тренер, но Мурињо верува дека Норвежанецот нема доволно искуство за да ги гарантира резултатите на долг рок.

– Земете го Фулам на пример. Како можеа да добијат подобар тренер од Раниери? Никако! Како да го споредите искуството на Клаудио и Скот Паркер, кој за првпат тренира тим? Не можете! Но, во фудбалот постојат примери, а тука го ставам и мојот поранешен клуб, кога промената има непосреден ефект. Не верувам во такви преуредувања на долг рок, но понекогаш тие можат да обезбедат некои позитивни резултати во моментот, рече португалскиот стратег за „Беин Спортс“.

Споделување со вашите пријатели: