(ФОТО) „Суперхикс“ го преполнија МКЦ

(ФОТО) „Суперхикс“ го преполнија МКЦ
Банда инструментале или „Суперхикс“ вчеравечер ја наполнија дансинг салата во Младинскиот културен центар. Фанови од различни генерации дојдоа да им дадат поддршка и потврда за она што цели 25 години го работи овој бенд.

Концертот беше токму повод за прославување на една четвртина век од првиот настап на „Суперхикс“. Тие се вратија на корените кои започнале во 1994 година со настапот во Доорс во Дебар Маало, на истиот ден, 3 март.

Песните како „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“, и многуте други го размрдаа МКЦ во целост. Нивните фанови уживаа во музиката која веќе две и пол децении ја задржува својата уникатност и позитива. Музиката на Суперхикс ги исполнува Скопје и Македонија со ритам кој ќе владее уште многу години.

На концертот ја изведоа и новата песна „Модерна љубов“.

Споделување со вашите пријатели: