Перез прекрши: Мурињо или Почетино го преземаат Реал

Перез прекрши: Мурињо или Почетино го преземаат Реал

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, речиси сигурно нема да го задржи тренерот Сантијаго Солари следната сезона.

Перез ја разгледува опцијата да го врати Жозе Мурињо или да го доведе менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, пренесе шпански „Дон балон“.

По два порази од Барселона (3:0, 1:0) во само четири дена го прекрши Перез да направи нова рокада на тренерската клупа, па веќе до крајот на оваа недела тој ќе разговара со Почетино во Лондон.

Перез размислува дали подобро решение е Аргентинецот или да се врати Мурињо, без оглед што некои фудбалери на Реал на чело со капитенот Серхио Рамос, не би сакале повторно да соработуваат со Португалецот.

По разговорот со Почетино, Перес ќе се состане и со Мурињо пред да донесе конечна одлука.

Од заминувањето на Зинедин Зидан летово, Реал веќе му врати отказ на Јулиен Лопетеги поради слабите резултати, но ни Солари не се снајде.

Споделување со вашите пријатели: