Стендап шоу за јубилеј : Весна Бејби- Петрушевска слави 25 години на театарската сцена

Стендап шоу за јубилеј : Весна Бејби- Петрушевска слави 25 години на театарската сцена
Весна Бејби- Петрушевска (48) на 13 март ќе прослави 25 години на театарската сцена со стендап шоу од 20 часот во Македонскиот народен театар, кое го нарече „Влези, не се соблакај“. Вели дека во фокусот на темите ќе биде нејзиниот живот, но и актуелните министри. -Едно време застануваш и престануваш да броиш улоги, продадени билети како потврда за успехот, одредени кланови кои меѓу себе си разменуваат проекти. Потполно неважно. Мојата мисија била и ќе биде да оставам било каков траг по кој барем некој ќе ме памети. Јас сиот мој живот го посветив на актерството и тоа го пренесувам на деца и на тинејџери. Тврдам дека театарот е живот и без него не умееме да дишеме. Тој е потврда за еден народ, за едно културно време, за поттик“, вели Весна.

Глумците од  актерската школа Весна Петрушевска- „Бејби шоу“ неодамна ја имаа премиерата на „Нашата љубов“, а претставата е на редовен репертоар на МНТ.

 

Споделување со вашите пријатели: