Кустурица сними филм за уругвајскиот претседател: Таков човек не се раѓа на Балканот

Кустурица сними филм за уругвајскиот претседател: Таков човек не се раѓа на Балканот
Познатиот режисер Емир Кустурица сними филм за најскромниот претседател во светот, претседателот на Уругвај, Хозе Мухика. Документарниот филм ќе биде вечерва премиерно прикажан на 47. издание на ФЕСТ во Белград.

Со наслов „Пепе, еден возвишен живот“, документарецот раскажува за најсиромашниот претседател во светот и како тој успеа да ја раздвижи економијата на Уругвај.

На пресконференцијата по повод филмот Кустурица рече дека таков човек како Хозе на овие простори нема.

- Тој доаѓа за претседател преку улична борба за слобода. Тој се жртвувал за својот народ и се уште го прави тоа - вели Кустурица.

За идејата и како дошло до тоа тој да го режира филмот Кустурица раскажа:

„Бевме на турнеја низ Франција и нашиот тур-менаџер ми рече дека некој тип од Уругвај, претседател, кој сака да направам филм за него. Реков: добро, но ќе видиме. Но човекот инсистираше да ми објасни дека тој претседател се уште вози трактор, работи на поле и слично и тоа веќе ме освои. Навистина не е карактеристично претседателот на државата да вози трактор, да им ја дели платата на сиромашните и слични работи. Тој без никаква придружба или обезбедување излегува на пијачка со својата сопруга, па тоа го нема никаде во свет“, додаде Кустурица.

El Pepe, una vida suprema - TRAILER from REC International Film Festival on Vimeo.

Споделување со вашите пријатели: