Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов
ОВЕН:

Викендот започнува со преземање на нови одговорности, но знајте дека ќе треба да се повлечете и практично да ја користите својата сила. Средба со зрела госпоѓа со прагматичен ум, која ќе ви понуди заштита и ќе ви даде совети со кои ќе се оспособите да напредувате и постигнете луксуз. Ценете го она што го имате, без голема крутост.

БИК:

Планетите во Јарец ја истакнуваат вашата креативна и родителска страна: сега имате иницијатива да се справите со сите подробности во практичната реалност и да напредувате кон својата зацртана цел. Се јавува нова надеж и прекрасна шанса да уживате: ја реставрирате својата физичка и духовна сила, почнувајќи од ново. Радост.

БЛИЗНАЦИ:

Венера во Водолија се појавува како бела гулабица, која што носи некаква порака. Сега сте убедени дека повисоки сили го движат животот и тоа е причина поради која што не ги разбирате блиските сосема добро. Можеби мислите дека не напредувате, но ќе се уверите во спротивното набрзо. Добрите работи им се случуваат на трпеливите.

РАК:

Новиот распоред на планетите го намалува жарот во интимните врски: чувствувате дека саканите се резервирани и далечни, како да сте на два различни брега од реката и никако не можете да се разберете. Која и да е причината, ова ви паѓа тешко: надминете ги опсесивните емоции и повлечете се за интроспекција. Мир.

ЛАВ:

Привршувајте ги последните подготовки, оставете им на колегите задачи и најдете време да излезете да се прошетате или појдете некаде на пат: Венера во Водолија ја буди вашата романтична природа и како да сте носени на крилата на некоја митска птица. Никој не може да ве надмудри, бидејќи лесно ги воочувате измамите.

ДЕВИЦА:

Ова е динамичен период, но вие како да не сте засегнати: трпеливи и толерантни, успевате да ја постигнете саканата интима, како со поблиското семејство, така и со подалечното. Можеби луѓето се супернервозни и се обидуваат да се расправаат преку нечиј грб, но вашето искуство ви вели да заминете ноншалантно и уживате.

ВАГА:

Ова е период со убави шанси за прослава и продлабочување на романтичните врски. Со Марс во Бик работите имаат бавен, но постојан развој и ќе внимавате да не избрзате кажувајќи непромислени работи. Можеби некој ќе се почувствува издадено или несакано. Застанете малку и размислете како да ги коригирате работите. Темпо.

СКОРПИЈА:

Вашето внимание е насочено кон финансискиот сектор, комерцијалните активности, домот, љубовта и партнерствата. Дали е можно дека сакате сето ова да го изведете сосема сами? Брз развој на домашен план, кој ќе бара адаптација: нема потреба да сте лути, одземете таму каде што има и дајте онаму каде што фали. Надеж. Трпение.

СТРЕЛЕЦ:

Венера во Водолија носи свежа енергија и поволни пресврти, но сепак е рано да славите и да спиете на ловориките. Потребно е да минете низ сите фази од циклусот, имајќи ја пред себе крајната цел. Сега не е време за одмор и добро ја користите физичката сила и организација. Издржете уште малку пријатели и ќе бидете наградени.

ЈАРЕЦ:

Пред да прејде во воздушната Водолија, Месечината ќе ги нагласи вашите опсесивни мисли и ќе сакате да доминирате врз некој, покажувајќи ја својата посесивна природа. Подобра стратегија е да им дозволите на саканите да победат. Оние кои што ќе бидат во работно расположение, нека внимаваат на договорите и аранжманите.

ВОДОЛИЈА:

Ако размислувате за своите врски со блиските, може да бидете разочарани: горчливи зборови и можна разделба, која што ќе ги вознемири инволвираните. Ако го дозволите ова, неминовно ќе губите енергија, наместо да се полните и така ќе ги малтретирате и другите. Јасно дефинирајте каде грешите и како да се поправите. Логика.

РИБИ:

Венера зад вашиот грб ве повикува да се одморите: можеби се чини дека се повлекувате во жарот на битката, но нека не ве окупира таквото размислување. Ќе сфатите дека сте сосема исполнети во однос на романтичната реалност и затоа зрачите со среќа и задоволство. Постигнувате баланс после долга борба за докажување. Фер договори.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: