Инсиње: Се гордеам што сум капитен на Наполи

Инсиње: Се гордеам што сум капитен на Наполи
Лоренцо Инсиње во пресрет на натпреварот од 26. коло на Серија А против Јувентус, изјави за „Скај Спорт Италија“ дека е горд што ја носи капитенската лента.

Дваесет и седумгодишниот фудбалер улогата на капитен ја наследи од Марек Хамшик кој во зимскиот трансфер прозорец замина во Кина.

– Станав нов капитен на Наполи по заминувањето на Хамшик, и јас сум горд на тоа. Хамшик влезе во историјата на клубот. Може да се смета само како пример. Горд сум што играв со него, тој е шампион на теренот и пошироко, истакна Инсиње.

За дербито со Јувентус, капитенот на Наполи вели дека ќе биде исклучително тешко како на психолошки план така и од физички аспект.

Второпласираниот Наполи в недела од 20:30 го пречекува Јувентус кој е лидер на табелата со 13 бодови предност и без пораз во досегашните 25 кола.

Споделување со вашите пријатели: