Рок-симфонија со Дани за 20 години музичка кариера

Рок-симфонија со Дани за 20 години музичка кариера
По повод 20 години на македонската музичка сцена, поп-пејачката Дани Димитровска ќе одржи јубилеен концерт на 7 март, во 20,30 часот, во Македонската филхармонија.

Нејзините хитови ќе прозвучат поинаку, симфониски,заедно со филхармонискиот оркестар и под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Влезниците по цена од 600 денари, се пуштени онлајн и во продажните места на Литература.мк, во Скопје.

Споделување со вашите пријатели: