Хороскоп: Што ве очекува денес?

Хороскоп: Што ве очекува денес?
ОВЕН:

Под доминација на убави аспекти, денес ја покажувате својата авторитетна личност, непоколеблива етика и неоспорен талент: чувствувате задоволство поради решавањето на некоја ситуација и се радувате на убавите вести. Вашите надежи и соништа се реализираат и сега може да се повлечете и да направите пауза. Интроспекција.

БИК:

Агонијата завршува и сега ќе успеете да ја надминете нечесноста што се одигруваше пред вашите очи: Месечината во Јарец ќе ви помогне да ги рафинирате своите проекти и да постигнете елеганција. Мудро ги користите своите ресурси и имате дисциплина да ја одржите стабилноста и сигурноста. Време е за оригиналност.

БЛИЗНАЦИ:

Како никогаш до сега, денес е ден да им обрнете поголемо внимание на вашите интимни врски: благодарение на убави влијанија, зрачите со таква интелигенција, така што ќе ги оставите останатите вџашени! Полни сте со имагинативни идеи и луѓето ве обожаваат. Не избегнувајте ги проблемите поврзани со работата.

РАК:

Со транзитот на Месечината во Јарец се соочувате со санкции или благослови: како судите, така и ќе ви се суди. Можеби сакате да оставите впечаток дека вие сте лидерот на семејството или движечката сила на друштвото и ќе се обидете да ги реализирате тие амбиции. Полни сте со романтична страст, но и склони кон екстреми. Контрола!

ЛАВ:

Вашите интимни врски бараат привремена разделба: нема потреба да си создавате дилеми слушајќи ги туѓите лаги. Бидете претпазливи и не правете брзи реакции и заклучоци, добро мерете го секој искажан збор или гест. Обидете се да сфатите дека ова е со привремен карактер и не гледајте на тоа како на казна. Утре е нов ден. Трпение.

ДЕВИЦА:

Свесно одлучувате дека нема потреба да живеете со страв, доминација или преголем луксуз: планетите во Јарец ви носат средба со практична личност, која може да ги унапреди вашите проекти. Овој човек е како столб на прагматизам и има на материјалната реалност, како и филантроп и вреден работник. Прикажување на вештините.

ВАГА:

Месечината во Јарец ви е другар во емоционалната сфера: обрнете големо внимание на начинот на кој што комуницирате со саканите. Отворете ги очите, слушајте добро и читајте ги сите скриени пораки кои одат со гестикулацијата. Ќе откриете тајни знаци и само вам видливи информации. Сега можете да помогнете. Трговија.

СКОРПИЈА:

Токму денес ќе може да покажете од што сте сочинети: иако многу работи се нејасни и поради тоа сè е можно, бидете спремни за она што ви го подготвила судбината. Експлоатација и комерцијални активности, за кои треба да имате храброст и понизност за да успеете. Движени од повисоки сили, адаптирајте се и верувајте. Без нервоза.

СТРЕЛЕЦ:

Кај вас се буди љубопитноста: како да пловите на брод со стаклен под, истражувате и го изучувате шарениот свет околу себе. Радосни и полни со чувство за авантура, ја покажувате својата друштвена страна. А и зошто да не? Јупитер во вашиот знак има чувство за тоа што сака светот и не се двоумите да чукнете на нови врати.

ЈАРЕЦ:

Конечно напредувате во полна сила: ги менувате работите со практична примена на своето искуство. Се појавува шанса со која што интелигентно ќе ги решите неодамнешните проблеми. Ова е моќна сила која што не смее да се злоупотреби, а ќе открие нови солуции. Бидете задоволни, успевате да го вратите балансот!

ВОДОЛИЈА:

Убави влијанија и средби со блиски личности: пред вас се избори и луѓето имаат симпатија за вас, но како да не ја чувствувате нивната љубов. Имате мислење дека се разликувате во нешто од нив, како да сте пеперутка која што има трето крило: нема потреба да мислите дека некој ви прави нешто намерно. Слушајте го срцето.

РИБИ:

Со повеќе планети во својот знак, препуштени сте на сонување, мечтаење и имагинација: внимавајте да не ја изгубите својата сила медитирајќи за недостижни и нереални работи. Едуцирајте се и продлабочете го своето разбирање слушајќи ја својата интуиција. Од вас се бара решение во емоционалната сфера.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: