Рецензија на „Алита: Духовност низ технологија“

Рецензија на „Алита: Духовност низ технологија“
Пишува: Игор Поп Трајков

Мотивот на наднесениот свет кој контролира сè што е под него е застапен уште во средновековните бајки, но тоа не значи дека некој се бунтувал против овој систем. Некои велат и дека античката митологија, која ја дели историјата на богови и луѓе, во себе исто така ја имала затскриено оваа порака – дека едните се мачат, а другите прават што сакаат. Но, тогаш не смеело за тоа да се зборува. Не смеело да се зборува никогаш директно, бидејќи тоа било премногу опасно, а единствен начин за тоа никогаш да не се зборува е за тоа никогаш да не се мисли.

Од друга страна, пак, модерноста, како онаа изразена во романот на Кафка „Процес“, ја изразува залудноста на зборувањето за угнетеноста и несправедливоста. Едноставно ова премногу заморува. Затоа, најлесно е сите да мислат дека процесот е нешто шармантно. Во овој филм, пак, имаме претставување на еден технолошки процес кој својот кукавичлак го изразува преку тоа опасните конфликти да се војуваат преку бесмртните антропоморфни роботи, кои, нели, ги контролираат смртните луѓе.

Сместено во постконфликтна атмосфера, ова дејствие се базира врз присилно заборавени нешта кои избликнуваат од меморијата провоцирани со трагични настани од секојдневјето. Ќе речете дека ова е премногу филозофска основа за еден комерцијален хит, кој се базира врз пикторална новела во серии.

Но и денешната публика е драстично поинтелектуализирана од онаа пред само десетина години, токму како резултат на технологијата. Технологијата, како што е тоа претставено и во филмов, стана многу повеќе стимулатор на духовноста отколку репресор, најверојатно бидејќи луѓето станаа репресивни, кои можат духовно да се ослободат само преку машините. Така во ова суптилно напишано сценарио се доловува желбата за надомест на изгубениот потомок преку негова замена со робот. Ова навистина не е првпат претставено на големиот екран, но високиот професионализам и чувството за истенчени емоции (дури и кога станува збор за андроиди) го прават ова остварување многу впечатливо.

Шармантнава, допадлива обработка на научнофантастичниот мотив за светот на иднината преполн со технолошки непредвидливости е реализирана од страна на оние што овој поджанр како да го создадоа и навестија.

Продуцентот Џејмс Камерон го создаде, а режисерот го навести преку своите мрачни остварувања ала филм ноар. Значи, средновековието, всушност, никогаш не го снемало. Само лицемерието во човештвото станало огромно. А не случајно средниот век на некои јазици се опишува како мрачни времиња. Кога сите гледаат дека постојат насилство и корупција наоколу, никој не сака да се запраша дали можеби постои некаков контролен центар за сето тоа. Не сака бидејќи доказот за неговото постоење е премногу голем, односно масивен.

И со самото тоа, сите ги заплашува сè до коскената срцевина. Тој објект е како она што го рекол Хитлер – доколку сакате за едно злосторство никој да не верува дека се случило, направете го премногу големо. Продуцентот Камерон, еден од најголемите професионалци на денешнината, успева да направи секој кадар да е сосема убедлив. Ова беше неговата главна карактеристика и како режисер. Овој филм изгледа како тој да е и режисерот.

Тука се неговите секогаш иновативно замислени акциони сцени со искосен длабочински мизансцен, со чија опседната напнатост ги рушеше сите рекорди не само на гледаност, туку и на пофалбите од фелата. Но сепак мислам дека во случајов фактот што главната хероина е со лик кој е дигитално надграден е причина за иритација, а не за креативна провокација. И покрај прескапата технологија, сепак и во овој случај се познава дека анимацијата и реално снименото дејство се два различни света. Музиката, пак, на Џанки Икс-Ел, која речиси целосно го покрива дејствието, е една од најсилните страни на оваа продукција, придонесувајќи за напнатоста и доследноста на фабулата.

ноар. Значи, средновековието, всушност, никогаш не го снемало. Само лицемерието во човештвото станало огромно. А не случајно средниот век на некои јазици се опишува како мрачни времиња. Кога сите гледаат дека постојат насилство и корупција наоколу, никој не сака да се запраша дали можеби постои некаков контролен центар за сето тоа. Не сака бидејќи доказот за неговото постоење е премногу голем, односно масивен.

И со самото тоа, сите ги заплашува сè до коскената срцевина. Тој објект е како она што го рекол Хитлер – доколку сакате за едно злосторство никој да не верува дека се случило, направете го премногу големо. Продуцентот Камерон, еден од најголемите професионалци на денешнината, успева да направи секој кадар да е сосема убедлив. Ова беше неговата главна карактеристика и како режисер. Овој филм изгледа како тој да е и режисерот.

Тука се неговите секогаш иновативно замислени акциони сцени со искосен длабочински мизансцен, со чија опседната напнатост ги рушеше сите рекорди не само на гледаност, туку и на пофалбите од фелата. Но сепак мислам дека во случајов фактот што главната хероина е со лик кој е дигитално надграден е причина за иритација, а не за креативна провокација. И покрај прескапата технологија, сепак и во овој случај се познава дека анимацијата и реално снименото дејство се два различни света. Музиката, пак, на Џанки Икс-Ел, која речиси целосно го покрива дејствието, е една од најсилните страни на оваа продукција, придонесувајќи за напнатоста и доследноста на фабулата.

Споделување со вашите пријатели: