Шестоодделенец во Србија се уби поради слаби оценки

Шестоодделенец во Србија се уби поради слаби оценки

Момче на возраст од 12 години во едно село во Србија, во понеделник вечерта си пукало со татковиот пиштол во уста, а причината, како што дознале родителите од прошталното писмо, е банална - слаби оценки.

момчето било само дома, кога од плакарот го зело пиштолот на таткото кој го поседувал со дозвола. Потоа си пукал во устата. Мајката, која е во шести месец од бременоста, била кај соседите, а кога слушнала што се случила само плачела и викала.

Таткото во тоа време бил на сечење дрва во шумата, а му кажале за несреќата кога се вратил.

Соседите не можат да поверуваат што се случило. Тврдат дека било фино и мирно момче, кое попладнето играло со децата на игралиштето. Се плашат дека од стрес мајката може да го изгуби и нероденото бебе, а има и една ќеркичка.

Сите во семејството се верници, па селаните го молат свештеникот да го отпее гробот на момчето, иако се работи за самоубиство. „Тоа е дете, невино, што знае тоа на толку години?“, вели еден сосед.

Телото на детето е во куќата, каде на бдеење пристигнуваат соседи и роднини, а не е направена обдукција.

Споделување со вашите пријатели: