Париз го тужи Ербиенби

Париз го тужи Ербиенби
Градот Париз го тужи Ербиенби (Airbnb) за 12,5 милиони евра поради повеќе од 1.000 реклами за, како што тврди, нелегално изнајмување имот.

Сопствениците на живеалишта во градот можат да ги изнајмат своите имоти само 120 дена годишно. Тие мора да се регистрираат како правни лица и да го прикажат нивниот регистарски број на секое рекламирање.

Според францускиот закон, компаниите можат да бидат казнети со парична казна до 12.500 евра за секоја објава.

Ербиенби соопшти дека правилата во Париз се „неефикасни, непропорционални и спротивни на европските правила“.

Според извештајот на порталот за статистика и истражување на пазарот „Статиста“ за 2018 година, Париз е втората најпопуларна дестинација на Ербиенби во однос на активни имоти, а Лондон е на врвот.

На својата веб-страница Ербиенби информира дека откако некој имот е резервиран за 120 ноќевања во еден од 18-те француски градови каде што се применува правилото, календарот ќе биде блокиран така што нема да може да се направат повеќе резервации.

Споделување со вашите пријатели: