Воен хеликоптер се урна во Истанбул

Воен хеликоптер се урна во Истанбул
Четворица војници се повредени откако турски воен хеликоптер се урна во станбен реон на Истанбул, изјави истанбулскиот гувернер Али Јерликаја.

– Воениот хеликоптер се урна додека се обидувал принудно да слета врз станбен комплекс во квартот Чекмекој, во азискиот дел на Истанбул, напиша Јерликаја на Твитер.

Според него, повредените војници веднаш биле префрлени в болница.

Споделување со вашите пријатели: