Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за овој викенд

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за овој викенд
ОВЕН:

Понесени од силни промени, денес ќе се ставите во лидерска позиција и храбро и брзо ќе го туркате својот пат напред. Марс и Уран во вашиот знак ги забрзуваат работите, затоа внимавајте на импулсивноста, но и зголемената тврдоглавост и непопустливост. Финансиски придобивки со Месечината во Бик, како и страсна средба и романса.

БИК:

Месечината во вашиот знак го нагласува вашиот сензибилитет и ќе вложите голема грижа и нега во своите најблиски врски. Трпеливи и смирени, ќе успеете да им побегнете на динамичните влијанија, а ако треба, најдете време за некој пријател кој е во неволја и кому му е потребна вашата помош. Бидете трпеливи на работното место.

БЛИЗНАЦИ:

Небесната слика укажува дека уживате со своите пријатели и во романтичниот живот, како да сте во врвот на младоста. Зрачите со убава енергија и успевате да се изборите со силната динамика. Сепак, имајте во предвид дека не треба да ги откриете сите информации и да не ја мешајте конфузијата со наивноста. Награди и успеси.

РАК:

Марс и Уран во Овен ни покажуваат дека имате силна потреба за промена: ви претстојат романтични средби за кои е добро да се спремите. Нема потреба да се плашите дека некој ќе ве улови или затвори, вие можеби сте и позатворени отколку што мислите и за тоа може и да зажалите. Симпатии постојат: не брзајте во погрешна насока.

ЛАВ:

Нагласен е секторот задолжен за љубов, забава, креативни проекти и настапување во јавноста: искористете го поволното влијание на Сонцето од Водолија за да го направите своето деби во светот. Откривате ново чувство на слобода и независност и уживате целосно во ова откритие. Слободни и екстатични, денес славите.

ДЕВИЦА:

Поддржани од непосредната околина и вие брзате водени од своите импулси да постигнете што е можно повеќе. Внимавајте да не ги побркате квалитетот, со квантитетот и направете пауза. Месечината во Бик ќе ве приземји и ќе сфатите дека не треба да ги диктирате правилата, туку да следите. Силни емоции и страсти. Решителност.

ВАГА:

Имате чувство дека сте под надзор на јавноста, а тоа го нарушува вашето внимание. Ова се силни влијанија и не секој е подготвен да се износи со нив. Ако имате пријатели кои имаат моќна стамина, потрпете се на нив и нивните совети и не глумете индиферентност. Направете напор да се поврзете со познатите. Љубезност.

СКОРПИЈА:

Со Месечината во Бик вашата емоционална сила е во пад и многу веројатно, ќе сакате да се повлечете во своето катче за да може на мир да проучувате. Мали дилеми ви се вртат во главата и ја нарушуваат вашата самодоверба, но знајте дека она што е денес, повеќе нема да биде тука утре и исправете ја главата пријатели. Одморете се.

СТРЕЛЕЦ:

Меки аспекти укажуваа дека денес сте олицетворение на мир и хармонија: се чувствувате убаво во својата кожа и имате идеи кои ќе добијат на тежина, само ако бидат споделени со тимот. Можни се ненадејни вести и информации, кои би можеле да го замаглат вашето расудување за кратко. Размислувате за новите понуди. Можен е пат.

ЈАРЕЦ:

По малку намќорести, се чини дека денес немате сила да верувате никому! Ако сметате дека тоа е конструктивно однесување, си кажувате бајки пријатели. Затоа, наместо да ги отстраните другите, послушајте ги понудените сугестии и направете вистинска одлука. Другите се несигурни, вие сте во дилема, затоа повлечете се сега.

ВОДОЛИЈА:

Необични времиња пријатели, но вие како да се разочарани: некаква врска се покажува дека е јалова и сакате набрзина да изјавите што чувствувате во однос на тоа. Самотијата не ви одговара, но ако веќе треба да се договарате во име на љубовта, внимавајте да не брзате во ништо. Млитава атмосфера на работното место. Дајте напор.

РИБИ:

Ова е ден кога за сигурно нема да ги пропуштите љубовните лудории: Месечината во Бик ве повикува на романтични состаноци и дружење со истомислениците и сега зрачите со ентузијазам, среќа и романтична исполнетост. Поддржани сте во сè, затоа е добро да започнете некаков нов креативен проект.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: