Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави во СДСМ за претседателски кандидат

Амбасадорот Ѓорги Филипов ќе се пријави во СДСМ за претседателски кандидат
Во СДСМ денеска треба да пристигне првата пријава на огласот за избор на претседателски кандидат на партијата за изборите на 21 април. Амбасадорот Ѓорги Филипов, во соопштение до медиумите, најави дека денеска во 12 часот ќе ја поднесе пријавата на отворениот повик на СДСМ за претседателските избори 2019, по што ќе одржи прес-конференција.

Филипов е доктор по технички науки, но добар дел од својата кариера помина во дипломатијата, меѓудругото и како амбасадор на Македонија во Берлин и во Виена.

Отворениот конкурс е само една од процедуирите на СДСМ за избор на претседателскиот кандидат. Деновиве во месните организации на партијата почна процедурата за евидентирање на можните кандидати. Потоа постапката оди во општинските организации, па во Централниот одбор, а конечната одлука ќе ја донесе конгресот кој ќе заседава на 3 март.

Споделување со вашите пријатели: