Средба на Заев со нашите олимпијци во Сараево

Средба на Заев со нашите олимпијци во Сараево
Пред почетокот на Европските младински олимписки игри во Сараево, македонскиот премиер Зоран Заев се сретнал со македонските претставниици на овој настан - Ана Марија Зафировска и Никола Петковски. Тие ќе се натпреваруваат во дисциплината "крос кантри", а овој настап за нив ќе биде прво меѓународно искуство.

„Сигурен сум дека ова е одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.Им посакав среќа и успех и ги уверив дека освен мојата, ја имаат поддршката од сите граѓани на Република Северна Македонија. Успехот во спортот носи голема радост и секако е најголем амбасадор на една земја“, напиша Заев на својот Фејсбук - профил.

Тој пристигна денеска во Сараево, за да присуствува на церемонијата на отворањето на Европскиот младински олимписки фестивал (EYOF), кој се одржува на 35 - годишнината од Зимиските олимписки игри во овој град во 1984 година.

Споделување со вашите пријатели: