Заев на отворањето на Европските младински олимписки игри

Заев на отворањето на Европските младински олимписки игри

Премиерот Зоран Заев вечер ќе присуствува на отворањето на Европските младински олимписки игри, што од денеска до 16 февруари ќе се одржат во Сараево, Босна и Херцеговина. 

Македонија на Европскиот олимписки фестивал за млади (ЕИОФ) ќе има двајца претставници, Никола Петковски и Анамарија Зафировска. Двајцата наши репрезентативци ќе се натпреваруваат во дисциплината крос-кантри, каде Никола Петковски настапува прв на 11 февруари, во трката на десет километри слободно, додека Анамарија Зафировска ден подоцна ќе учествува во трката на пет километри слободно.

На Европскиот олимписки фестивал за млади, на кој настапуваат спортисти од 14 до 18 години, ќе има 911 натпреварувачи од 50 земји од светот.

ЕИОФ во Сараево се одржува во период кога градот ја прославува 35-годишнината од организацијата на Зимските Олимписки игри во 1984 година.

Споделување со вашите пријатели: