Вакцинацијата оди добро, ама секој ден има нови случаи на морбили

Вакцинацијата оди добро, ама секој ден има нови случаи на морбили
Вакцинацијата се одвива со добра динамика. Околу 50 отсто од вкупниот број невакцинирани деца сега се вакцинирани. Се уште трае тој тренд на заинтереираност кај родителите за да ги вакцинираат своите деца, што е за поздравување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

За жал, како што рече, секој ден има нови случаи на пациенти со морбили кои се примаат на Инфективната клиника.

– Дневно, се прегледуваат помеѓу четири-пет до десет пациенти. Тие кои се со полесна форма се упатуваат на домашно лекување, а останатите се хоспитализираат. Бројката пациенти што се лечат на Инфективна клиника е 30-тина. Децата кои имаат потешка форма, компликации, во смисла сериозно воспаление на белите дробови, се уште се во тешка, но стабилна состојба, рече Филипче.

Според него, тоа со што сега се соочуваме за жал е резултат на падот на колективниот имунитет, што се случува од 2014 година наваму.

Споделување со вашите пријатели: