За неколку дена и официјално Северна Македонија

За неколку дена и официјално Северна Македонија

По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Договорот од Преспа и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон, информираа од македонското МНР.

Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое го информираат Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става  крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји.

По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени.

Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена.

Споделување со вашите пријатели: