Ахмети до Бејли: Заедно кризата ја претворивме во можност

Ахмети до Бејли: Заедно кризата ја претворивме во можност
Претседателот на ДУИ Али Ахмети приреди проштален ручек за американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли, кој од должност заминува на почетокот на март. Ахмети и Бејли направиле ретроспектива на четиригодишната соработка и на постигнувањата на земјата во овој период, разменувајќи мислења околу Демократската унија за интеграција и за перспективите во наредните две децении, членството во НАТО и ЕУ, реформите, претседателските избори, како и за дијалогот помеѓу Косово и Србија.

Лидерот на ДУИ Ахмети, на својот фејсбук-профил изрази благодарност до амбасадорот Бејли за неговата поддржувачка улога за излез од кризата и чекорењето кон евроатлантската интеграција.

„Вашиот придонес е извонреден за денешните достигнувања на земјата и јас ви се заблагодарувам бидејќи заедно кризата ја претворивме во можност и таа можност ја искористивме на најдобар можен начин за доброто на граѓаните, затворајќи ги споровите со Грција и Бугарија, постигнувајќи јазична еднаквост, де факто сме членка на НАТО и очекуваме во јули да добиеме датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија“, напиша Ахмети, додавајжи дека останува да се направат уште многу работи, како реформата на органите за безбедност, администрацијата и владеењето на правото.

Ахмети му порача на Бејли дека кога и да ја посети Македонија, ќе најде конак во неговиот дом и кај неговото семејство.

 

Споделување со вашите пријатели: