Холандија преговара со 250 компании за преселување од Лондон

Холандија преговара со 250 компании за преселување од Лондон
Холандската влада соопшти дека преговара со 250 компании за преместување на седиштата од Велика Британија во Холандија, пред земјата да излезе од ЕУ на 29-ти март.

Во извештајот на Министерството за економија на Холандија се вели дека благодарение на програмата за вработување, лани 42 компании од Британија го пренасочиле бизнисот во Холандија, а исто така и 1.923 работници, објавија агенциите.

"Во 2019 година, неколку компании, меѓу кои Дискавери и Блумберг, соопштија дека планираат да инвестираат во Холандија поради Брегзит. Дополнително, Холандската агенција за странски инвестиции разговараше со повеќе од 250 странски компании кои размислуваат за започнување на операции во Холандија по Брегзит ", соопшти Министерството, наведувајќи дека повеќето се британски, но има и американски и азиски компании. Тоа се главно компании од финансискиот сектор, медиумите, маркетингот, како и компаниите кои работат во областа на здравството.

 

Споделување со вашите пријатели: