Еден загинат во железничка несреќа близу Барселона

Еден загинат во железничка несреќа близу Барселона
Едно лице загина, а 16 други се повредени вечерва при директен судир на два воза во близина на каталонскиот главен град Барселона.

Каталонската Служба за вонредни состојби соопшти дека железничката несреќа се случила меѓу местата Сан Висенте де Кастељет и Манреса, на околу 50 километри северозападно од Барселона.

Портпаролката на каталонската Агенција за цивилна заштита, Џоан Гарсија информира дека до несреќата дошло кога „еден воз налетал на друг“.

Засега нема повеќе детали за несреќата, што се случила во 18:20 минути.

Во ноември минатата година воз излета од шините во Каталонија, при што загина едно лица, а над 50 беа повредени.

Споделување со вашите пријатели: