Детален хороскоп за викендот

Детален хороскоп за викендот
ОВЕН:

Ова е период кога треба да размислите дали судбината навистина ве тестира и ако е така, да одлучите што е исправно за да ги манифестирате саканите работи. Ќе треба со голема љубов да му посветите внимание на секое делче од мозаикот и да се адаптирате себеси за она што ви го подготвила кармата. Бидете храбри и понизни.

БИК:

Месечината во Овен ве повикува да се повлечете и одморите. Ова може да е напнат ден и иако сте се зафатиле со комерцијални работи и се чувствувате како на јавно наддавање, повлечете се мудро за да ги класифицирате потребните податоци. На овој начин нема да ја исцрпите силата и ќе научите нешто ново.

БЛИЗНАЦИ:

Можеби не го чувствувате тоа сè уште, но пред вас е прекрасен период за напредување, под услов да ги разјасните емотивните ситуации. Дилемите се распрснуваат и сега може да побрзате кон саканата цел. Ве очекува разговор со компетентна машка личност, која е по малку воздржана и дистанцирана. Зрели совети.

РАК:

Го користите влијанието од планетите во Јарец за да напредувате според замислената шема: верувате во својата лична сила и искуство, сметајќи дека може да настапувате индивидуално. Сепак, сега од вас се бара формално однесување, како и соочување со реалноста преку искусен совет или средба со зрела личност. Разум.

ЛАВ:

Повеќе аспекти укажуваат дека денес доаѓате до важни реализации: состанок со авторитетни личности, кои ќе ве советуваат како да продолжите. Замислете дека учите да пливате, а некој ви сугерира каде е помирна водата – послушајте ги. Овие совети ќе ви помогнат да ги надминете грубите времиња и да создадете нешто многу вредно.

ДЕВИЦА:

Попуштете малку пријатели, нема место за крутост: сетете се на времињата кога сте биле млади и прашајте се што сте сакале да постигнете. Дали сте веќе пред тие порти? Сретнете се во времето: како зрела дама, која среќава млада девојка со напредни идеи. Уран во Овен ви дава поддршка од непосредната околина. Пред вас е отворен светот.

ВАГА:

Вашите чаши се полни со задоволство и блескате оддалеку, покажувајќи ја својата шармантна насмевка. Користете ја својата мека и култивирана природа и ќе успеете да го реставрирате кругот околу себе, како посебно братство кое се собира на богата трпеза. Средба со нови луѓе, како и со оние од минатото. Поволни промени.

СКОРПИЈА:

Месечината во Овен ги прибира потребните луѓе за соработка: како да сте посебна група собрана околу логорскиот оган, ќе треба да ги споделите своите искуства и да ја истражите добро конкретната реалност. Дали да продолжите по старите шеми или да настапите храбро, откривајќи нова визија. Нема да чекате долго. Кураж!

СТРЕЛЕЦ:

Засегнати со повеќе лични работи, денес продолжувате добро опремени: имате повеќе таленти и не знаете кој попрво да го искористите. Ако веќе треба да брзате некаде, бидете подготвени со време и не излетувајте од дома неподготвени. Ова се променливи времиња и треба да сте отпорни и храбри. Добра ментална сила.

ЈАРЕЦ:

Исклучително важен кармички период: потребни сте дома, но и во далечните земји. Се прашувате како да постигнете баланс, а сè што треба е да направите приоритети: кој е најважен проект за сега? Бидете остроумни и користете ја својата зрела природа. Ќе успеете да ја направите саканата промена и да се покажете во реално светло.

ВОДОЛИЈА:

Ова е викенд за помирување: планетите во Овен ве повикуваат да бидете храбри и искрени со себеси. Дали добро ги користите своите таленти? Дали дозволувате да ве експлоатираат или сте само набљудувач во слична шема? Време е да покажете каде припаѓате и да помогнете со хумани сугестии. Уникатни идеи.

РИБИ:

Сега е време и вие да изјавите нешто: како да сте исправен крст кој инспирира пожртвуваност и чест во понизноста. Времето за самонаметнато мачеништво завршува, разбудете се и соочете се со своите демони. Ќе сфатите дека тоа се единствено вашите сенки и погрешни уверувања. Потоа доаѓате до саканото олеснување.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]

Споделување со вашите пријатели: