Аријана Гранде има нов спот и песна: „Break Up With Your Girlfriend, I'm Bored"

Аријана Гранде има нов спот и песна: „Break Up With Your Girlfriend, I'm Bored"
Пејачката Аријана Гранде има нова песна „Break Up With Your Girlfriend, I'm Bored" (Раскини со девојката, досадно ми е) за која веднаш објави и спот кој има интересен пресврт на крај.

Во спотот се појавува актерот од серијата „Ривердејл“ Чарлс Мелтон, и ѕвездата на социјалните мрежи Ариел Јасмин. Спотот до сега има речиси половина милион прегледи на YouTube, а премиерно е прикажан пред неколку часа.

Видеото е објавено на само два дена пред „Греми“, но Аријана се одлучи да не се појави на оваа церемонија. Иако е номинирана, таа нема да присуствува затоа што продуцентите и забранија да ја отпее својата песна „7 Rings".

Споделување со вашите пријатели: